Регион СВЕТ

Пиво, ќотек од српската полиција, па повторно на клупа (ВИДЕО)

Протестот против полицискиот час во Белград ќе го паметат тројцата момци кои на социјалните мрежи беа наречени „херои на протестот“, затоа што се вратија на клупата на која се наоѓаа, откако без никаква причина добија брутален ќотек од полицијата.

Тројцата мажи седеа мирно на клупа во Пионерскиот парк кога полицијата помина по патеката каде е нивната клупа.

Иако снимките што се споделуваат на социјалните мрежи ги прикажуваат како седат и гледаат како поминуваа кордонот полиција, тие наскоро стануваат мета на брутален напад од страна на полицајците.

Сепак, го добија прекарот „херои на протестот“ кога само неколку минути откако беа брутално претепани, се вратија на истата клупа во паркот.

Поврзани вести

Бонџиќ: Лудо е договорот меѓу Србија и Русија за обновување на нуклеарната соработка да тргне во опасна насока

user4

Папа Франциск: Теориите за еволуција и „Биг Бенг“ се реални и Бог не е „магионичар со волшебно стапче“

Италија: Се повеќе излекувани, се намалува бројот на новозаразени

ЕУ почна да работи на создавање режим сличен на „Закон Магнитски“

Maja_Serafimova

Александар Сорос: Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа

Maja_Serafimova

Кина ги отфрла обвинувањата за хакирање компанија за развој на вакцини

Stefanija Kuzmanovska