Регион СВЕТ

Починаа уште две лица во Србија од Ковид-19

Во текот на ноќта во Србија починаа уште двајца пациенти, кај кои беше потврден вирусот „Ковид-19“, објави денес Ковид19.рс.

Во прашање е К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на КЦС и последните неколку денови бил на респиратор, а докторите вложиле максимум при лечењето.

Инаку страдал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронично опструктивно белодробно заболување и дијабетес мелитус.

Втората жртва е жена П.Б. (62), која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш и била извршена респираторна нега и под постојана грижа на медицинските тимови.
Како што е наведено, сепак, дошло до смртоносен исход, а починатата хронично се лечела од артериска хипертензија и дијабетес, како и ревматоиден артритис.

Во Србија, шест лица починаа од коронавирусот, а заразени се 384 лица.

Поврзани вести

Судир на два авиони во Австралија, четири лица загинаа (фото)

Никола Поповски

Свештеник кој живее во близина на папата Франциск во Ватикан е позитивен на новиот коронавирус

Александар Петровски

Блокирани патиштата во Багдад: Демонстрантите бараат оставка од Владата

Влатко Зорба

По коментарите на Макрон, Помпео и Мас во одбрана на НАТО

Вучиќ: Мојата идеја е да се борам за Србија, но и за Северна Македонија и БиХ, затоа што и тие имаат железари

Maja_Serafimova

Во Иран загинале 27 лица од труење со алкохол , мислеле дека се лекуваат од коронавирусот