СВЕТ

„Погледнете ја оваа пристрасност“: Трамп објави интервју пред телевизија

Американскиот претседател Доналд Трамп емитуваше телевизиско интервју во четвртокот пред да биде прикажано на телевизија и тој необичен потег го оправда со тоа што сакал да покаже дека новинарот е пристрасен.

Трамп објави на социјалните мрежи скоро 40-минутен разговор со Лесли Стал, добро познат водител на емисијата „60 минути“ на „CBS“, со коментар: „Погледнете ја оваа пристрасност, омраза и грубост од „60 минути“ и „CBS“.

Претседателот, кој беше нерасположен и нервозен за време на интервјуто, постојано се жалеше дека добива „тешки прашања“, додека демократскиот ривал Џо Бајден има „лесни“.

„Само барам да бидете искрени“, и вели Трамп на Стал. „Би сакал да го интервјуиравте Џо Бајден како што ме интервјуиравте мене“.

Телевизијата беше „дискредитирана“ прашувајќи го Бајден кој е неговиот омилен вкус на сладолед, продолжи Трамп.

Тој исто така го обвини „CBS“ дека го штити Бајден затоа што еден репортер му рекол: „Не можеме да прашуваме работи што не можеме да ги провериме“.

„Што е премногу, премногу е“, рече Трамп на крајот од интервјуто и одеднаш го напушти студиото.

Републиканскиот претседател често ги обвинуваше медиумите дека не го сакаат, но објавувањето интервју пред телевизијата да го стори тоа е нешто што не е видено досега.

Уште во вторникот, Трамп се закани дека јавно ќе објави снимка од интервјуто во Белата куќа „за секој да може да види какво е „фејк“ (лажно) и непристрасно интервју“.

Интервјуто со Трамп требаше да биде објавено во посебна програма заедно со Бајден.

„60 минути“ е една од најгледаните емисии на американската телевизија, особено популарна меѓу постарите гледачи.

На објавувањето на видеото, Трамп го нападна и модераторот на последната дебата на претседателските кандидати, во која во четврток повторно ќе се соочи со Бајден.

„Денешната водителка Кристен Велкер е многу полоша!“, напиша тој заедно со најавата.

Тој претходно го обвини новинарот на „NBC“ дека го фаворизира Бајден.

Поврзани вести

Руската вакцина против Ковид 19 ќе заврши прво во рацете на Турција?!

Провокации на границата со Литванија: Белоруските хеликоптери итно активирани (видео)

Никола Поповски

Ким Џонг-ун упати честитка до Путин, по повод 75-годишнината од победата над фашизмот

Србин кој живее во Кина раскажува што се случува таму: Секој граѓанин има здравствен код

Уште 100 дена до изборите: Еве што мислат Американците за Доналд Трамп

Италијански весник: Дојде време „кралот“ Мило да падне?

Никола Поповски