Вести СВЕТ

Полицијата го уапси мажот кој прегази пешаци и бебиња близнаци во количка (ВИДЕО)

Вооружениот маж што во Осло украде амбулантно возило и влета во толпа луѓе, повредил три лица, од кои две се бебиња, соопштија норвешката полиција и болнички извори.

Мажот бил совладан откако полицијата пукала во возилото. „Тој е повреден, но нема сериозни рани“, јави полицијата.

-Две бебиња се повредени откако грабнатото возило на Итната помош удри во во едно семејство. Станува збор за близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаролот на болницата во Осло.

Јавниот радиодифузер НРК прикажа снимки од оштетеното возило во квартот Торшов, на која се слушаат истрели.
Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош.
-Едното возило го грабнал мажот вооржен со сачмарка. Неколку минути подоцна второ возило на Итна помош успеало да го запре грабнатото, забивајќи се во него. Потоа стигнала полицијата и го уапсила осомничениот, соопштиболницата.

ДПА ја пренесе и изјавата на полицијата дека „ мажот е уапсен, но дека тие трагаат и по една жена“.

Ambulanse kapret i Oslo

Her skyter politiet for å stanse den kaprede ambulansen i Oslo. Les saken her: https://www.nrk.no/ostlandssendingen/mann-stjal-ambulanse-i-oslo-_-flere-pakjort-1.14751816

Gepostet von NRK Nyheter am Dienstag, 22. Oktober 2019

 

Поврзани вести

Помпео: САД се понудија да му помогнат на Иран со коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Курдската полиција тврди дека го елиминирала Абу ал-Хасан ал Мухаџир, десната рака на Ал Багдади

Maja_Serafimova

Неидентификувано лице е уапсено во обид да влезе со автомобил во кругот на Белата куќа

Курдите ќе се повлечат, откако Турција дозволи евакуација

Maja_Serafimova

Опозиционерката Жанин Анес подготвена да ја преземе функцијата на Моралес

Си Џинпинг: Епидемијата е тест за кинескиот систем

Влатко Зорба