Вести СВЕТ

Полицијата во Хонг Конг ќе влезе во блокираниот Политехнички универзитет

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека планира да влезе во блокираниот универзитет за да ги исчисти опасните материи пред да ја укине 10-дневната опсада, откако тимовите за пребарување не пронајдоа докази дека демонстрантите се уште се таму.

Началникот на полициската област Хо Јун-синг рече дека тимови за заштита составени од експерти за отстранување експлозиви утре наутро ќе одат во Политехничкиот универзитет за да соберат докази и да ги отстранат резервите хемиски и опасни материи, вклучувајќи гасни бомби и корозивни течности.

Се додава дека одлуката е донесена откако тимовите за пребарување, дури и по два последователни дена од пребарувањето на кампусот во Хонг Конг, не пронашле докази дека демонстрантите се уште се таму.

Некои светски агенции јавија дека   вчера таму била пронајдена една млада жена во лоша состојба.

Поврзани вести

Пленковиќ ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ

Екстрадицијата на Асанж може да има застрашувачко влијание врз новинарството, сметаат од ОБСЕ

Влатко Зорба

Трамп: Ким е човек од збор

Влатко Зорба

Како Русија ја чува својата вакцина против коронавирусот?

Оваа вакцина може да помогне против Ковид-19?

Социјалистите победија во Шпанија