СВЕТ

Полицијата на Лукашенко сурово се пресмета со демонстрантите

По одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на Белорусија да не ја прифати кандидатурата на двајцата главни противници на Лукашенко на претстојните претседателски избори на 9 август, илјадници граѓани излегоа на улиците на главниот град Минск на протест.

Изборната комисија во Белорусија одби да ја прифати кандидатурата на кандидатот на опозицијата, банкарот Виктор Бабарик на претседателските избори, со образложението дека тој е во притвор и дека против него се води кривична постапка под обвинение за одземање на 430 милиони долари од земјата со користење на нелегални шеми за перење пари, пренесе агенцијата Ројтерс.

ЦИК исто така ја отфрли кандидатурата на Валериј Цепкал, поранешниот амбасадор, кој сега управува со технолошкиот парк за hi-tech компании, оспорувајќи ја валидноста на потписите на неговите приврзаници.

Двајцата противници на Лукашенко се сметаат за последни кандидати способни да го загрозат неговото 26-годишно владеење, бидејќи скоро сите политички ривали на белорускиот претседател се во притвор или се наоѓаат под истрага.

Во текот на изминатите неколку недели, белоруската полиција уапси стотици луѓе со цел да ги спречи антивладините протести.

Делегацијата на ЕУ во Белорусија оцени дека одлуката на ЦИК „го поткопува интегритетот и демократската природа на изборниот процес“.

Отфрлањето на кандидатурата на Бабарик на изборите го отвора патот актуелниот претседател Александар Лукашенко да остане на власт, со оглед дека овој бизнисмен се смета за негов главен ривал.

Претседателските избори во Белорусија се најавени за 9 август.

Поврзани вести

Хамнеи: Американските санкции кон Иран се криминален акт

Бројката починати од коронавирусот достигна 3.000

Потресна исповед на медицинска сестра: Ќе се поздравам со моите деца, оти не знам кога ќе ги видам пак

Бразил се искачи на третото место во светот во однос на бројот на заразени со новиот коронавирус

Бунтовниците во Јужен Судан ја одбија владината мировна понуда

Stefanija Kuzmanovska

Таткото на министерот за внатрешни работи на Србија почина од Ковид-19