Регион СВЕТ

Полициски час во Србија од петок до понеделник

Во Србија ќе се воведе полициски час кој ќе започне во петок од 17 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник.

Иако се вели дека полицискиот час може да се воведе за Белград и Ниш како најголеми жаришта, тој ќе важи за целата земја.

Пензионерите кои ќе можат да одат по снабдување храна и земјоделците ќе бидат ослободени од оваа мерка.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека наскоро ќе биде донесена мерка за воведување на полициски час во Белград и Ниш од понеделник до петок.

– Најверојатно ќе воведеме карантин од петок до понеделник, затоа што саботата наутро скапо нè чинеше, луѓето се собираа на Фрушка Гора и правеа екскурзии, групи од по 40 лица. Што да правиме, ќе треба. Сосема е сигурно дека оваа мерка ќе ја донесеме во Белград, Ниш а за другите градови ќе видиме – рече синоќа Вучиќ.

Тој рече дека проценките на ваквите мерки се прават на дневна основа, и дека тие пред се и пред сè ги предлагаат лекарите и професијата, „и ние ќе ја донесеме таа одлука“.

– Се вознемирувам секоја вечер кога добивам извештаи за тоа колку луѓе умираат и се вознемирувам секој ден кога гледам колку заразени луѓе имаме. Кога зборуваме за вознемирување, тоа е она што ме вознемирува. Преземаме мерки за да ги спасиме животите на луѓето, ако се вознемири некого, жалам за тоа, но животот на секој човек е приоритет – рече синоќа Вучиќ.

Поврзани вести

Американската полиција е позната по бруталноста врз Афроамериканците: Сите убиства во последните неколку години (видео)

Уапсени две лица во северно Косово осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ

Влатко Зорба

Гугл се откажа од шегите за 1-ви Април: Затвор до 5 години за сите што се потсмеваат на коронавирусот

„Ер Србија“ со дозвола за летање: Само Британците, Србите и Русите можат да патуваат кон САД

Кои се новите симптоми на коронавирусот кај пациентите со тешка клиничка форма на болеста?

Црна Гора: Лажна е веста дека се подготвува „Црногорски интернет“

Никола Поповски