Регион СВЕТ

Половина од Грците сметаат дека е веројатно да се заразат со Ковид-19

Половина од анкетираните Грци велат дека е веројатно да се заразат со коронавирусот; а  речиси девет од десет како позитивни ги оценуваат  постапките на грчкиот премиер; додека 73 отсто велат дека ситуацијата има влијание врз нивната работа или плата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во земјата за влијанието на пандемијата на коронавирусот, спроведено од агенцијата „Интервју“.

На прашањето, „колку сметате дека е веројатно да се заразите со коронавирусот?“, 50 отсто одговориле дека е „многу или доста веројатно“, а 42 проценти „малку или воопшто“.

Од анкетираните, 87 отсто ја зголемиле нивната лична хигиена поради коронавирусот, а 75 проценти го задржуваат потребното растојание од два метри кога сретнуваат со луѓе.

Во однос на владините мерки за забрана за движење, 54 отсто од испитаниците, сметаат дека биле неопходни, а 55 проценти оценуваат дека ќе треба до лето да чекаат, за да му се вратат на нормалниот начин на живот, без ограничувања. Наспроти нив, 30 отсто се со пооптимистичка прогноза, односно велат дека тоа ќе се случи до крајот на април.

Паралелно, речиси седум од десет Грци секојдневно ги следи редовните прес конференции во Министерството за здравство на Грција, на кои се соопштуваат новите податоци со ситуацијата со коронавирусот во земјата.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено од 27 до 31 март 2020 година и биле анкетирани 1200 лица.

Поврзани вести

Лукашенко: Белорусија нема да има смртни случаи од коронавирусот

Јапонија: Немаат канти за ѓубре, ниту ѓубреџии, а се е чисто

„Асошиејтед прес“: Кинезите не ја предупредиле јавноста 6 дена откако дознале за заканата од коронавирусот

Уапсени над 30 осомничени членови на нарко картели во Мексико

Maja_Serafimova

Крамп-Каренбауер: КФОР е исто толку важен денес, како што беше пред 20 години

Влатко Зорба

Две верзии од писмото на Помпео до Курти: Честитки или уцена?

Никола Поповски