Регион СВЕТ

Помпео следната недела доаѓа во Хрватска

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман потврди денеска пред владината седница дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе пристигне во Хрватска следната недела и дека теми на разговорите ќе бидат укинување на визите, Западен Балкан со акцент на Босна и Херцеговина, договор за избегнување на двојно оданочување и ослободување од виза.

Меѓу членките на Европската унија, само државјани на Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар не можат да влезат во САД без виза. Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ во јуни рече дека Хрватска е во завршна фаза на укинување на визата за Соединетите држави.

– Во секој случај, тоа е добра средба. Ги зајакнуваме трансатлантските врски и соработка – рече Грлиќ Радман.

За време на неговата посета на Хрватска, Помпео се очекува да се состане со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Помпео неодамна ги посети Полска, Чешка, Австрија и Словенија. Тој ги предупреди на „опасноста од растечкото влијание на Кина и Русија“, а се очекува истото да го стори и во Хрватска, пишува Хина.

Поврзани вести

Дваесет и седум судански полицајци се осудени на смрт со бесење поради убиство на учител

Лукашенко: Строго барам од Министерството за здравство и лекарите да спасат човечки животи, многу земји не копираат во моделот на справување

Разговор кој може да промени сè: Телефонски разговараа Путин и Лукашенко

Stefanija Kuzmanovska

Прв случај на коронавирус во Јужна Африка, се зголемува бројот на заразени во Грција

Плажите во Мајами се затворени, но затоа Американците се забавуваат на јахтите (ФОТО)

Додека во другите земји купуваат тоалетна хартија, Шпанците складираат вино, пиво и чоколади