Вести СВЕТ

Поради еден позитивен случај на Ковид-19 цела држава оди во карантин: Училиштата и институциите нема да работат

Кралството Бутан одредеи строги мерки денес откако е откриен позитивен случај на коронавирус.

Станува збор за 27-годишна жена, која откако се вратила од Кувајт, за првпат била тестирана негативна за време на задолжителниот карантин, но на следниот тест се покажа присуството на вирусот.

Сепак, до вториот тест, жената, како што пренесуваат новинарските агенции, имала контакт со повеќе од 210 лица.

Поради овој случај, владата на Бутан наредила затворање на сите училишта, институции и канцеларии.

Првото затворање од почетокот на пандемијата ќе трае помеѓу пет дена и три недели, јавуваат бутанските медиуми.

Бутан досега има регистрирано 128 случаи на коронавирус и нема смртни случаи.

Поврзани вести

Хрватскиот министер за правда побара оставка од државниот обвинител, по признанието дека е масон

Никола Поповски

Почина воениот злосторник Ратко Младиќ

Никола Поповски

Тачи: Итно да се укинат таксите кон Србија

Никола Поповски

И покрај договорот со САД за прекин на воените дејствија, Турските воени сили ги обновиле нападите во североисточна Сирија

Maja_Serafimova

Ердоган: Се враќаме во нормала после Рамазан

Трамп одлучи: ТикТок доби забрана во САД

Александар Петровски