Вести СВЕТ

Пораст во бројот на новозаразени во Кина

Кина пријави 30 нови случаи на коронавирус во саботата, 19 повеќе од претходниот ден, соопштија денеска кинеските здравствени власти, повикувајќи се на зголемување на локалните преноси, како и на случаи кои доаѓаат од странство.

Националната здравствена комисија соопштила денеска дека 25-те нови случаи вклучуваат лица кои доаѓаат од странство, додека пет случаи на локално пренесување се пријавени во провинцијата Гуангдонг.

Кина објави вкупно 81.669 случаи, при што бројот на загинатите се искачил на 3.329, според Ројтерс.

Иако бројот на новозаразени значително се намали во однос на врвот на епидемијата во февруари, Пекинг сè уште не успева во потполност да ја спречи новата инфекција и покрај најстрогите мерки за спречување.

Таканаречените „увезени“ случаи, како и асимптоматските пациенти – оние кои го шират вирусот, но немаат никакви симптоми – се најголемата загриженост за Пекинг во последните неколку недели.

Кина ги затвори сите свои граници за скоро сите странци, но заразените Кинези се враќаат од странство.

Здравствената комисија соопшти дека 47 асимптоматски случаи биле регистрирани во Кина во саботата, во споредба со 64 претходниот ден.

Поврзани вести

Хаос во Бугарија: Со јајца и домати е нападнато Министерството за одбрана (видео)

Никола Поповски

Бејрут: Повеќе од 100 мртви, во пристаништето имало тони опасен нитрат

Влатко Зорба

Функционер од Калифорнија: Оставете ги болните, старите и бездомниците да умрат (фото)

Растат бројот на заразени од пазарот во Пекинг: 106 нови случаи од петокот

Научник тврди: Ковид-19 од пазарот во Пекинг е повеќе заразен отколку истиот од пазарот во Вухан

ЕУ: Одобрен пакет од 540 милијарди евра за надминување на корона-кризата