Вести СВЕТ

Портпарол на СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци

„Клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци“, рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

„Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати“, изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости“.

„Новиот вирус е глобален проблем, а вакцината против него е глобален напор да имаме поддршка и од Светска банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести. Целта на сите е да се најде вакцина што е можно поскоро”, додаде портпаролот на СЗО.

Според него, потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, а се зголемуваат докази за поврзаност на Ковид-19 со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.

Поврзани вести

Најмалку седум лица загинаа, а две куќи се урнаа во  свлечиште во Бразил

Maja_Serafimova

Група симптоми укажува колку сериозна ќе биде формата на Ковид 19

Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заразени во Холандија е речиси 11 илјади, вкупно 771 жртви

Влатко Зорба

Кралицата Елизабета Втора го потпиша предлог законот за излез на Велика Британија од ЕУ

ВИДЕО: Каде е Путин – Меркел го бара рускиот претседател за групна фотографија

Панос Каменос е меѓу најбогатите грчки политичари: Има 66 недвижнини, три автомобили и јахта