Вести СВЕТ

Портпарол: Се подобрува здравјето на Асанж, не е веќе во самица

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, повеќе не е во самица во затворот во Лондон и неговото здравје се подобрува, изјави денес неговиот колега и портпарол, Кристин Храфнсон.

Асанж од затвор води правна борба против екстрадицијата во Америка, каде беше обвинет по 18 точки за заговор за извршување хакерски напади во државните компјутери и кршење на законите за шпионажа . Ако биде прогласен за виновен, може да помине децении зад решетки.

Хафнсон одржа прес-конференција за поддршка на Асанж пред судското рочиште за барањето за екстрадиција, кое започнува следната недела. Неговите приврзаници велат дека се загрижени за условите, под кои тој се наоѓа во затворот и последиците по неговото здравје.

Поврзани вести

Борисов: Бугарската Влада со големо внимание ја следи состојбата во Сирија и ситуацијата со мигрантите

Харадинај: САД сака да ги укине таксите кон Србија по вина на Курти и Османи

Никола Поповски

Гол Украинец го блокираше сообраќајот (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Во пад на хеликоптер на Синај загинаа седум лица, меѓу кои пет американски војници

Stefanija Kuzmanovska

Лекар истрчал 35 милји со маска на лицето за да побие теорија на заговор

Влатко Зорба

Таксист починал откако бил плукнат од муштерија заразен со коронавирус: Не сакал да плати за возењето