Вести СВЕТ

После 30 години, откриена секта: Жртвите биле млади девојки – вклучени две балетски училишта (видео)

Благодарение на сведочењето на едно девојче, полицијата на италијанскиот град Новара открила постоење на психолошка секта која работела во цела Италија повеќе од 30 години. На чело на сектата, чии жртви биле претежно млади жени и девојчиња, стоел 77-годишен маж, кого го нарекувале „доктор“, а кој го третирале како божество.

Членовите на сектата биле подложени на сексуално насилство за да, како што им рекол водачот, „да го запалат внатрешниот пламен“, и биле потполно потчинети на него, а тој успеал да изолира некои дури и од нивните семејства, додека на другите жртви ги повлекол и нивните семејства во сектата.

Девојчиња и млади жени се бирани од добростоечки семејства, сектата се занимавала и со перење пари, а водачот одлучувал со кој можат да се дружат, што да прават, а и самиот бирал со која жртва ќе се забавува.Полицијата откриla дека водачот имал 26 соработници, сите се под истрага, а во намамувањето на девојките учествувале и професионалци како некои психотерапевтки, сопственици на два балетски студија, сопственици на занаетчкиски работилници и други.

Според полицијата, дури и девојчињата на високо културно ниво биле повлечени во сектата, доколку лидерот ги оценил како цели.

„Никој не можеше да биде сигурен дека нема да биде вклучен во сектата“, сведочело девојчето, а деталите ги објави полицијата на вонредна прес-конференција.

Поврзани вести

Брнабиќ: Доколку не видиме дека бројот на новозаразени се намалува, рестриктивните мерки ќе останат на сила

Црногорец на крузерот „Дајмонд принцес“ заразен со Ковид-19

Британија пред избори, Џонсон тврди дека во случај да победи „ќе го спроведе Брегзит во дело“

Макрон на работна вечера со Меркел, не се знае дали разговарале за С. Македонија

Влатко Зорба

Шпанскиот парламент не го одобри Санчез за премиер

Влатко Зорба

Прв починат од коронавирус во Египет

Влатко Зорба