Регион СВЕТ

Потресна исповед на српски демонстрант: Тато ова е за тебе, кој почина, а немаше респиратори (ВИДЕО)

Репортерот на српската телевизија Н1 забележа пред Собранието на Србија потресната исповед на Петар Ѓуриќ, син на славниот уметник од Мајданпек, Љубиша Ѓуриќ, кој почина од коронавирус. Одговарајќи на нејзиното прашање зошто не се откажал од протестот, тој рече дека тој бил таму заради неговиот татко кој починал во болницата во Земун затоа што нема респиратори.

Новинарката на Н1, Јелена Зориќ, ги интервјуирала учесниците на протестот пред српскиот парламент, прашувајќи ги околу полноќ зошто не се откажале од протестот, кога Ѓуриќ пријде и одговори во преносот во живо дека е таму заради неговиот татко кој неодамна починал.

„Солзавец, муниција во живо, палки, сите против младите со голи раце. Тато, ова е заради тебе, кој почина а немаше респиратор, тато, многу те сакам. И за мојот син кој се роди“, рече младиот човек во еден здив на новинарот во Н1.

На прашањето зошто неговиот татко починал, младиот човек одговорил:

„Немаше респиратор, и до денес не добив тестови дека тој починал од корона. Значи, немаше респиратори во болницата во Земун а тие зборуваа дека подаруваат респиратори. Знам дека тој би бил горд на мене “, изјави младиот човек за Н1.

Иницијативата „Да не се удавиме“ во Белград објави на социјалните мрежа постер за младиот човек, кој веќе стана еден од симболите на протестот.

 

Za ćaleta, za kevu, za sve ljude!Neće proći!

Gepostet von Ne davimo Beograd am Dienstag, 7. Juli 2020

Поврзани вести

Бегалскиот камп „Рицона“ во Грција е во карантин, 20 лица заразени со коронавирус

Заради напади со возила австралиската полиција доби дозвола да пука

Maja_Serafimova

Молекуларниот биолог Игор Штагљар точно пресмета колкави се шансите да заболете од коронавирус

Александар Петровски

Научници: Постојат три варијанти на новиот коронавирус – А,Б и Ц

Српската полицијата ги исфрли граѓаните од Собранието, фрлен и солзавец (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Хрватска: Уште 41 нов случај со Ковид-19, едно лице починало