Регион СВЕТ

Потврден е вториот случај на коронавирус во Словенија

Во Словенија, по вчерашниот прв, беше пријавен и втор случај на инфекција со коронавирус, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство Алеш Сабер.

Новиот заразен бил во контакт со првиот пациент, маж околу 60 години, кој бил заразен во Мароко, од каде пристигнал на 29 февруари во Венеција.

Истиот ден, по враќањето од Италија, бил во одделот за итни случаи во болницата во Љубљана, но од таму бил испратен дома. Веќе тогаш имал знаци на болеста, што најпрво ја припишувал на повредата што претходно ја претрпел во Мароко.

Вчера, поради лошата здравствена состојба, отишол во здравствениот центар „Вич“ во Љубљана, и покрај сите јавни предупредувања, дека оние што се сомничат дека имаат коронавирусна инфекција, прво треба да се јават кај нивниот матичен лекар по телефон. Дежурниот лекар го упатил со брза помош во Клиниката за инфекции, каде по позитивниот тест бил сместен во просторија за изолација.

Словенечкото Министерство за здравство собира информации со кои сите пациенти биле во контакт откако патувале во Мароко и ги повикува сите што биле во контакт со него, во авионот или болницата, да ги контактираат.

Директорот на Дирекцијата за јавно здравје при Министерството за здравство, Мојца Гобец, за словенечката телевизија изјави дека не е потребна паника и дека превентивните мерки за борбата против ширењето на заразата и можните епидемии ќе останат исти како во претходните денови и недели, а сите нови мерки би зависеле „од проценката за ризик “.

За брисевите да бидат тестирани во три лаборатории во Љубљана и Марибор, планирани се 16 „влезни центри“, регионално лоцирани во болници низ цела Словенија, а просториите за изолација во три болници во Љубљана, Марибор и Голник се резервирани за евентуален прием на повеќе пациенти.

Поврзани вести

Си-ен-ен од болница во Њујорк: Страдање, болка и смрт на секои 10 минути

Stefanija Kuzmanovska

Урнати статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис во САД (ВИДЕО)

Бројот на заразени и мртви во Србија е многу поголем од официјалните податоци?

Stefanija Kuzmanovska

Одгледување на грозје и производство на „крафт“ вина во срцето на Лондон

Канада во борба против коронавирусот: Се стравува од недостиг на храна

Француската полиција испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз