Вести СВЕТ

Потврдени се повеќе од 81.000 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот

Потврдени се повеќе од 81.000 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот, а Светската здравствена организација (СЗО) објави дека за првпат од избувнувањето на епидемијата, бројот на заразени лица надвор од Кина во еден ден го надмина бројот на заразени во Кина.

Според дневниот извештај на СЗО, Кина објавила 412 нови случаи, со 459 пријавени надвор од Кина.

Најголем број заразени лица во Кина се во провинцијата Хубеи, каде до синоќа беа пријавени 401 нови случаи. Пријавени се шест случаи надвор од континентална Кина, од кои четири се во Хонг Конг.

Повеќе од половина од новите случаи надвор од Кина се пријавени во Јужна Кореја – 284 случаи.

 

Поврзани вести

Загина студент на протестите во Хонг Конг

Влатко Зорба

Амнести Интернешнл: Турција присилно праќа сириски бегалци во подрачјето на Сирија во близина на границата

Maja_Serafimova

Чедомир Јовановиќ во болница, се сомнева дека се заразил со коронавирус

Сопственикот на кафулето каде беше отруен Навални: „Келнерот исчезна!“

Stefanija Kuzmanovska

Овој човек има причини за радост: Позитивен на се, само на коронавирус не (ФОТО)

Александар Петровски

Џо Бајден и официјално стана кандидат на демократите за претседателските избори во ноември