Вести СВЕТ

Повеќе од 1.700 здравствени работници во Кина се заразени со новиот коронавирус

Повеќе од 1.700 здравствени работници во Кина се заразени со новиот коронавирус.

Заменик-директорот на Националната здравствена комисија на Кина, Зенг Јичин истакна дека приближно 1.400 лица се заразени од вирусот што се шири низ Азија и достигна САД и Европа.

Зенг изрази „сериозна загриженост“ нагласувајќи дека Комисијата веќе издала препораки за мерки за превенција и контрола во медицинските установи.

Тој додаде дека според извештаите за епидемиолошката состојба во изминатите неколку дена, медицинските работници се  3,8 проценти од вкупно потврдените случаи на инфицирани со новиот корона вирус.

Комисијата соопшти дека новото, значително зголемување на регистрираните пациенти е резултат на примената на новата методологија, што почна да се применува во најранливата провинција Хубеи.

До вчера, бројот на потврдени случаи ширум Кина се искачи на 63.851, што е за 5.090 лица повеќе од претходниот ден, а бројот на починати се зголеми за 121 и сега изнесува 1380 лица.

Поврзани вести

Помпео: Ние сакаме да работиме со Русите и да дојдеме на преговарачка маса

Maja_Serafimova

Амбасадата на САД во Подгорица: Сите страни треба да учествуваат во дијалогот за Законот за верски слободи

Никола Поповски

Првата рунда на јавни расправи во рамките на истрагата за отповикување на Трамп почнува утре

Влатко Зорба

Рама: На ЕУ не и треба не само стабилност на Западен Балкан, туку и помирување

Никола Поповски

Федерален судија блокираше 3,6 милијарди долари планирани за воени расходи, што Трамп ги побара за изградба на ѕид кон Мексико

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за Сирија

Влатко Зорба