СВЕТ

Повеќе од 105.000 заразени со коронавирус во светот

Според последните податоци во светот со новиот коронавирус се заразени 105.625 луѓе, а Бугарија и Кипар се единствените земји – членки на ЕУ без регистрирани случаи.

Од друга страна, првите два случаи на вирусот денеска се регистрирани и на Малдивите. Се работи за двајца вработени во туристичко одморалиште, а се претпоставува дека болеста им ја пренел турист од Италија, кој се вратил во неговата земја, каде тестовите покажале дека е позитивен на новиот коронавирус.

Првиот случај на новиот коронавирус денеска е потврден и на Малта, а станува збор за 12-годишно девојче кое во вторникот се вратило од Италија.

Бројот на новозаразени во Кина за еден ден е помал од 100 за првпат од 21 јануари, соопштија денеска кинеските власти. Националната здравствена комисија објави дека се регистрирани 99 нови инфекции, од кои 74 во покраината Хубеи.

Во Италија, европското жариште на епидемијата, во последните 24 часа починале 36 луѓе со што вкупниот број на жртви досега изнесува 233, додека бројот на заразени лица се искачи на 5.883, соопштија вечерва локалните власти.

Поврзани вести

Американскиот амбасадор во Турција повикан на разговор заради усвоената резолуција за Ерменците

Дваесет минути по силниот земјотрес во Албанија се родија близнаци (ВИДЕО)

Рама: Поостри казни за оние кои не ги почитуваат мерките

Биг Бен ќе се огласи на денот кога Британија ќе ја напушти ЕУ?

Никола Поповски

ИПИ: Присутна е праксата за неказнивост за убиство на новинар, ниту едно убиство не е решено во целост

user4

Пензионерка од домот за стари лица во Метлика е втората жртва на коронавирусот во Словенија