Вести СВЕТ

Повеќето Американци заработуваат повеќе за време на невработеноста: Држава во САД им плаќа по 1500 долари на луѓето за да се вратат на работа

Ајдахо ќе им плати на жителите кои не работат по 1.500 американски долари за да ги примами да се вратат на работа и да престанат да користат бенефиции за невработеност.

Републиканските застапници се залагаат за придобивки од враќање на работното место, какви што спроведува американската држава Ајдахо, додека демократите во Конгресот сакаат да ја продолжат бенефицијата за невработеност од 600 долари неделно, како дел од пакетот за закрепнување во економијата.

Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кудлоу, за Си-Ен-Ен изјавила дека исплатата од 600 долари, која е додаток за невработеност што го исплаќаат федералните држави, ќе истече кон крајот на јули, како што било планирано.

„Ние сакаме луѓето да се вратат на работа“,рече тој. „Претседателот размислува за реформска мерка што ќе продолжи да обезбеди некаков бонус за враќање на работното место“.

Дискутабилен е фактот дека повеќето Американци заработуваат повеќе за време на невработеноста отколку на работното место. Ова е причина за загриженост затоа што им дава на луѓето поттик да останат неактивни, што дополнително ќе го забави економското закрепнување.

Повеќето невработени Американци ќе изгубат бенефиции за невработеност, вклучително и федерални стимулации, доколку одбијат да се вратат на работа. Само оние кои исполнуваат одредени критериуми за Програмата за помош при пандемија за невработеност, одобрена од Конгресот во март, можат да останат корисници на таа помош, вклучително и оние што се советуваат да се изолираат.

Во Ајдахо, жителите ќе добијат еднократна парична помош од 1.500 американски долари за враќање на работа со полно работно време и 750 долари за работа со скратено работно време. Финансиската поддршка ќе им биде достапна на оние кои ги загубија своите работни места на 1 март и ќе се вратат на работа од 1 мај до 1 јули, рече Алекс Адамс од Одделот за државно финансиско управување.

Поврзани вести

Коронавирусот продолжува да одзема животи: Досега починаа 362 лица (ВИДЕО)

Александар Петровски

Бајден ја прифати претседателската номинација на демократите во САД

Stefanija Kuzmanovska

Кина: Се повеќе се намалува бројот на новозаразени со коронавирус во Вухан

Ал Багдади е идентификуван со помош на ДНК анализа на неговата долна облека

Maja_Serafimova

Шест словенечки државјани меѓу патниците на крузерот кој е закотвен во Јапонија поради коронавирус

Кина одговори на Америка: Лажат и игнорираат сериозни проблеми

Stefanija Kuzmanovska