СВЕТ

Повеќето Германци не сакаат нови бегалци

Повеќето граѓани на Германија одбиваат да прифатат малолетни бегалци од грчките острови, како што бара партијата „Зелени“, произлегува од анкета на јавното мислење, објави „Алџезира Балканс“.

„Вкупно 51 отсто од анкетираните се против приемот на малолетни бегалци од грчките острови, а 39 отсто се за. Останатите од анкетираните немаат никаков став по ова прашање“, произлегува од истражувањето на јавното мислење на Институтот Civey за дневниот весник „Аугсбургер Алгемајне“.

Натаму, разликата во односот кон бегалците е особено забележлива кога се зема предвид политичката определеност на анкетираните, пренесува Хина.

Меѓу гласачите на Демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ, 71 отсто од анкетираните се против ваквиот тип на хуманитарни акции.

Гласачите на Либерално слободната демократска партија (ФДП) се спротивставуваат на прифаќање на нови бегалци со 75 отсто, а најголем процент од оние што одбиваат вакви акции (96 отсто) е меѓу гласачите на национално-популистичката Алтернатива за Германија (АфД).

Поврзани вести

Медведев си поднесе оставка

Никола Поповски

Убиецот на Афроамериканецот Флојд бара да биде ослободен од обвиненијата

Никола Поповски

Во Италија 420 починати: Се намалува бројот на новозаразени, откриено кога точно се појавил вирусот

Огромно зголемување на бројот на пациенти – Индија станува светски епицентар на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Десната рака на Вучиќ: Србија се плаши од идејата за Голема Бугарија, во Скопје постои бугарски шпионски центар

Никола Поповски

Премиерот на БиХ заразен со Ковид-19