ЕУ СВЕТ

Повеќето Германци се подготвени да го намалат бројот на светлосни божиќни украси за да ја заштитат планетата

Повеќето Германци се подготвени да го намалат бројот на светлосни божиќни украси за да ја заштитат планетата, покажаат резултатите од најново истражување.

Вкупно 57 проценти од испитаниците на анкетата спроведена од германската агенција ДПА се изјасниле дека ќе го намалат бројот на божиќни лампиони во нивните домови или дури дека ќе бидат без нив во иднина.

За овој Божик 11 отсто не се подготвени да го направат тоа, додека 35 отсто не планираат да се откажат ниту сега ниту во иднина.

Сепак, мислењата се поделени за тоа дали треба да има помалку светлосни украси на јавните згради и на улиците. Така, по 44 проценти се „за“ и „против“.

Светлосните декорации за време на божиќните празници ги сакаат голем број Германци, 79 отсто. Но, сепак, повеќето сметаат дека треба да се кити со мерка.

Поврзани вести

Потпишан историски договор меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин во Белата куќа (видео)

Никола Поповски

Истражување: Коронавирусот може да предизвика дијабетес и кај здравите луѓе

Туристите се повеќе се дебели, ограничен број на лица во гондолите во Венеција

Во Хрватска најмногу заразени меѓу тестираните, веднаш зад Шведска: Во Малта нема ниту еден случај

Преку тест од една секунда можете да откриете дали вашата маска е ефикасна

Загинаа најмалку осум луѓе во поплавите во Египет

Maja_Serafimova