Регион СВЕТ

Повикана на распит во полиција поради твит против Вучиќ

Познатиот српски социолог и политичарка, Весна Пешиќ, повикана е денес на сослушување во полиција по налог на Вишото јавно обвинителство да истражи дали во нејзиниот пост на Твитер има елементи на кривично дело, изјавија од обвинителството.

Како што јавуваат од Белград, Пешиќ на свој твит од саботата напишала: „Ајде бре да ве видам што ќе сторите кога ќе се прогласи за доживотен претседател. Додека твитерашите безгрижно твитаат. За тоа не размислувате. Ете го Путин баш тоа го прави. Ако Брнабиќ даде оставка да знаете-се подготвува доживотен Вучиќ. Е нема тука бојкот, само цевка во главата“.

И покрај тоа што Весна Пешиќ тврди дека мислела на себе, а не на претседателот на Србија, односно на самоубиство, а не на убиство, некои политички функционери, пред се од владеачката Српска напредна странка (СНС) и провладини медиуми и таблоиди проценија дека таа повикува на убиство на претседателот и побараа санкции.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера кажа дека нема да ја тужи Весна Пешиќ во приватна тужба во врска со твитот.

Пешиќ во денешното интервју за печатеното издание на весникот Данас, говореше за состојбата на општеството во Србија, изјавувајќи дека „во својата земја не се чуствува слободна да мисли, бидејќи еднопартискиот систем никому не му дава да мисли, освен на оние кои мислат исто како таа партија.“

-Сега е полошо отколку во времето на претседателот на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, кој никогаш не ми правеше проблем за моите размислувања, а денес на сите телевизии има кампања за мојот твит, изјави Пешиќ.

Поврзани вести

Австрија: Од крвна плазма на излечени пациенти ќе направат лек против коронавирус

812 починати од Ковид-19 во Италија, голем пад на новозаразени

Маж од Тексас отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал

Кина криела за големината на епидемијата во земјата и прикажувала некомплетни бројки на заразени и смртни случаи

Салвини брутално нападнат на сред улица (ВИДЕО)

Александар Петровски

Славје во Црна Гора, илјадници граѓани се радуваат на падот на Ѓукановиќ (видео)

Никола Поповски