Регион СВЕТ

Позитивни на коронавирус се 260 здравствени работници во Србија од вкупно 2.323 тестирани

Директорката на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ Верица Јовановиќ денеска изјави дека од 2.323 тестирани здравствени работници досега вкупно 260 биле позитивни на коронавирусот, 1.082 се негативни, а се очекуваат резултати и за други работници.

Јовановиќ за ТВ Прва изјави дека во Белград се очекуваат најголем број тестирања за здравствените работници, бидејќи ги има во најголем број во здравствениот систем.

-Во секоја здравствена установа се води грижа за тоа кои се лицата кои работаат со пациентите, за да установата биде безбедна и за да се сочуваат капацитетите, кажа Јовановиќ.

Таа ги повика сите со кои имаат било какви симптоми и ги исполнуваат критериумите за тест на коронавирус да се пријават во ковид центрите.

-Клучна мерка е да се тестираат потенцијалните контакти и сите оние кои биле во контакт со ковид позитивните, затоа што така го прекинуваме ланецот на пренос, рече Јовановиќ.

Таа оцени дека во Србија веќе се зголемил бројот на тестирани и дека се прават меѓу 1.000 и 1.500 тестови дневно и дека од ден на ден ќе се зголемува бројот на тестираните.

Зголемениот број на тестирања во здравстените установи во Србија дојде по повеќето случаи на ширењето на епидемијата во болниците, особено по случајот со породилиштето ГАК Народен фронт во Белград каде беа заразени 48 вработени и 75 кои беа ставени во карантин, како и на Инситутот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ каде позитивни на вирусот беа 67 вработени лица од кои 11 лекари, како и 9 пациенти.

Поврзани вести

Прв ден од карантинот за милијарда луѓе: Полицајците во Индија спроведуваат ред со дрвени стапови (видео)

Српска професорка: Ким Јонг Ун е претпазлив поради коронавирусот, му се допаѓа вниманието

Stefanija Kuzmanovska

Германски Шпигел: Курти и Османи ќе донесат владеење на правото во Косово

Никола Поповски

Авионска несреќа во Авганистан, во провинција под контрола на талибанците (фото)

Никола Поповски

Владата на Велика Британија блокира најмалку за еден месец објавување на парламентарен извештај за закана од Русија

Влатко Зорба

Продолжуваат дојавите за анонимни бомби во Москва

Никола Поповски