СВЕТ

Прекинато судењето на лекарот кој и помогна за Бин Ладен

Пакистанскиот суд му даде на обвинителството две недели да подготви одговор на жалбата на осудениот пакистански лекар, кој спроведе лажна кампања за вакцинирање за да и помогне на ЦИА да утврди каде се наоѓа Осама бин Ладен.

Судењето се прекинува се додека не одговори обвинителството.

Доктор Шакил Африди е осуден на 33 години затвор во 2012 година на основа на обвинение за финансирање екстремистичка група.

Тоа е одвоен случај од оној за наводната поврзаност на пакистанскиот доктор со Централната разузнавачка агенција, за што Африди не е официјално обвинет.

Вашингтон побара Африди да биде ослободен, но Исламабад го одби тоа, наведувајќи дека го прекршил пакистанскиот закон.

Припадниците на американската специјална единица „фоки“ го убија водачот на Ал Каеда на 2 мај 2011 година во пакистанскиот град Аботабад, а Исламабад не бил упатен во тоа.

Поврзани вести

Кинеските власти разрешија две лица од провинцијата Хубеј поради лошо справување со ширењето на коронавирусот

Никола Поповски

Гутиереш со апел: Да се избегне војна во Персискиот залив

Никола Поповски

Функционер близок до шпанскиот премиер заразен со коронавирус

Кина денеска пријави три нови случаи на коронавирусот, сите дошле од странство

Грчката влада почна кампања под слоганот „Остануваме дома“ за справување со коронавирусот

Ескалира кризата во Боливија, пет загинати и десетина повредени