ЕУ СВЕТ

Претседателот на британскиот Долен Дом отфрли гласање за договорот за Брегзит

Претседателот на британскиот Долен дом,  Џон Беркоу, денеска го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна премиерот Борис Џонсон со ЕУ.
Беркоу рече дека гласањето што владата го бара ќе биде „суштинско исто“ како и оноа што се одржа во саботата, па на тој начин би биле прекршени парламентарните правила.

Британскиот парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.

Владата планира денеска да го достави клучниот предлог-закон за Брегзит, а првиот круг дебати и гласање ќе се одржи утре.

Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Поврзани вести

Убиство на тројца полицајци пред 16 години: Егзекутиран човек во Алабама кој воопшто не бил виновен?

Пума се прошета низ празните улици на Сантијаго за време на полициски час (ВИДЕО)

Лукашенко за демонстрантите: Се однесуваат дрско, но ја променивме тактиката!

Stefanija Kuzmanovska

Макрон во расправија со медицинска сестра (ВИДЕО)

Дедо Мраз ограбил банка, па фрлал пари по улица и викал Среќен Божик! (ВИДЕО)

Во Шпанија уште 498 жртви на коронавирусот: Една третина од вкупниот број се жители на старечки домови