Вести СВЕТ

Приватни забави во Германија: 35 лица заразени, 160 во карантин

Ново жариште на инфекција со коронавирусот се појавило во германскиот град Гетинген, после неколку приватни забави.

Во моментов, повеќе од 160 луѓе се наоѓаат во карантин, од кои 57 се деца, откако било утврдено дека 35 лица се заразени со новиот коронавирус.

Според властите на Гетинген, инфекцијата се случила на неколку приватни прослави. Тие првенствено се членови на неколку поголеми семејства, по потекло од Гетинген и околината.

Властите ги испитуваат дополнителните контакти со заразените, а нивниот број се проценува дека е трицифрен.

Поради големиот број на деца кои биле заразени, биле известени и училиштата.

Според телевизијата „НДР“, на 90 лица им било наредено да бидат тестирани во саботата, а од нив дошле само 15.

Поврзани вести

Регионалните здравствени власти го обвинија Болсонаро за „криење“ на точниот број на смртни случаи од коронавирусот

Трамп во војна со фармацевтското лоби: Евтин лек за корона не им одговара, еве што нудат како алтернатива!

Влатко Зорба

Трамп: Од коронавирус ќе умрат помалку отколку што предвидовме

Влатко Зорба

Шведска го проширува тестирањето на сите кои се занимаваат со „неопходни“ работни места

Stefanija Kuzmanovska

Во Србија се потврдени уште два случаи на новиот коронавирус, со што број на заразени се зголеми на четири

Нема сигурен лек за лекување на заболените од Ковид-19