СВЕТ

Продолжува трендот на раст на акциите на Вол Стрит

Вредноста на акциите на Вол Стрит се зголемија на отворањето на денешното тргување, продолжувајќи го нагорниот тренд од изминатите два дена, со оглед дека инвеститорите се надеваат на дополнителни стимулативни мерки од државата, откако беше објавено дека минатата недела 3,3 милиони Американци аплицирале за надомест за невработени, што укажува на катастрофалните економски ефекти на пандемијата на коронавирус

Индустрискиот индекс Дау Џонс порасна за 267,83 поени, или за 1,26 проценти, на 21.468,38 поени откако ѕвончето огласи почетокок на работата на Њујоршката берза, јавуваат американските медиуми.

Индексот С&П 500 го започна денот на тргување со добивка од 25,73 поени или 1,04 проценти, на 2.501,29 поени, додека технолошкиот Насдак Композит зајакна на 77.91 поени или 1,06 проценти, на 7.462.21 поени на отворањето.

Поврзани вести

Хуавеј го злоупотребила пристапот до мрежите наменети за полицијата

Поплавени ресторани, кафулиња и продавници во Венеција (ВИДЕО)

Вучиќ: Привремена забрана за влез во Србија за лица кои доаѓаат од загрозените подрачја со коронавирус

ЕУ издвои 10 милиони евра за медицински истражувања за коронавирусот

Полицијата во Хонг Конг пукаше во демонстрантите, 15 лица повредени

user4

Инфицирана е жена на возраст од 60 години во Чикаго која неодамна била во Вухан