Регион СВЕТ

Прогласена епидемија во неколку градови на северот на Црна Гора, угостителските објекти со ново работно време

Националното координативно тело за инфективни болести на Црна Гора (НКТ) донело одлука за засилување на привремените мерки против епидемијата на целата територија на Црна Гора и особено во неколку општини во северниот регион.

„Постојаното зголемување на бројот на новооткриени случаи на инфекција со коронавирус низ целата земја, особено во северниот и централниот регион и фактот дека сè поголем број на пациенти не успеваат со сигурност да го идентификуваат изворот на инфекција укажува на широко распространета локална трансмисија на вирусот во одредени области. НКТ даде согласност за Министерството за здравство да прогласи епидемија на територијата на општините: Бијело Поље, Беране, Петница, Рожаје и Гусиње“, соопшти НКТ.

НКТ ја продолжи до 15 јули примената на мерките донесени на 25 јуни за општина Рожаје, додека примената на мерките донесени на 2 јули за општината Гусиње ќе биде продолжена до 17 јули.

Угостителскитт објекти ќе работат до 22 часот, освен во крајбрежните општини

Низ целата територија на државата во угостителските објекти се забранети музичко-забавните програми како што се: концертите, настапите во живо на музичари и групи, настапите на диџеи изведувачи и слично.

Работата на угостителските објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани и слични угостителски објекти), вклучително и угостителски објекти на плажите е ограничена на територијата на главниот град Подгорица и општините Плужине, Шавник, Жабјак, Никшиќ, Даниловград, Тузи, Колашин и Мојковац до 22 часот.

Во јужниот регион, односно во сите крајбрежни општини, останува на сила ограничувањето за работа на угостителските објекти до полноќ, што било донесено вчера.

Поврзани вести

Мас: Го повикуваме Иран да се воздржи од какви било чекори што ќе доведат до натамошни ескалации

Експлозија во фабрика во Шпанија: Еден загинат, девет повредени

Никола Поповски

УНФПА: Околу седум милиони непланирани бремености низ целиот свет како резултат на пандемијата

Stefanija Kuzmanovska

Како Русија ја помага анти-ЕУ кампањата во Албанија?

Никола Поповски

Тачи најави: Патувам во Хаг на разговор

Трамп и Си телефонски разговараа за пандемијата