СВЕТ

Пронајдени две искасапени девојки: костим за капење причина за трагедијата

Полицијата во Патаја ги пронашла Ратри Шривибон (24) и нејзината девојка Паканан Шанпрат (29) во локва крв. Девојките меѓусебно се избоделе до смрт поради објавена фотографија на социјалните мрежи.

Кавгата, како што се претпоставува, започнала откако Ратри се фотографирала во костум за капење на базен, а потоа таа фотографија ја објавила на социјалните мрежи, поради што нејзината девојка била многу лута. Тие започнале да туркаат на семејна прослава, а во еден момент се повлекле во хотелска соба каде продолжиле да се караат, а потоа меѓусебно се нападнале со ножеви.

Бидејќи никој не ги видел до следното утро, братот на Ратри ја сруши вратата од хотелската соба и наишол на ужасна глетка внатре. Имено, девојките буквално се касапиле до смрт.

И двете биле пронајдени во локва крв со повеќе убодни рани и неколку десетици исекотини на телото. Отпрвин се веруваше дека трето лице го извршило ова грозно убиство, но инспекторите наскоро ги негирале овие обвиненија, објаснувајќи дека сите докази покажуваат дека двете девојки меѓусебно се избоделе до смрт.

– Сè беше нормално на семејната прослава, целото семејство е во шок – изјави братот на Ратри за медиумите.

Очевидци изјавија дека ги виделе девојките како расправаат за фотографија во костум за капење пред да се повлечат во хотелска соба.

Поврзани вести

Британците почнуваат со тестирање на хидроксихлорокинот

Пронајдени 13 тела во масовна гробница во Мексико

Maja_Serafimova

Бројот на загинати во лавините, кои го погодија источниот дел на Турција се зголеми на 39 луѓе

Бајден ја бакна внуката во уста, тоа предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи

Александар Петровски

Тироидната жлезда е новата мета на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Курти ја одби последната понуда од Иса Мустафа