ЕУ СВЕТ

Пронајдени шајки во експлозивот поставен во Атина

Вчера во Атина беше пронајдена рачно изработена експлозивна направа во универзитетскиот кампус во Атина, а во неа имало и шајки. Полицијата смета дека целта на поставувачите била да се причини што поголема штета.

Секторот за борба со тероризам на грчката полиција, според грчките медиуми, е во исчекување на преземање на одговорноста, а како што пишува „Катимерини“, зад поставувањето на бобата, од полицијата, сметаат дека стојат млади анархисти кои експериментираат со правење експлозивни механизми.

Како што вчера објави МИА, рачно изработената бомба ја забележал полицаец додека го паркирал неговиот мотор и веднаш ја известил надлежната служба.

По проверката, било потврдено дека станува збор за експлозивен механизам и била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира механизмот.

Експлозивниот механизам бил поставен во голем стаклен сад, во вид на вазна, што бил полн со шајки, но и експлозивен материјал, кабли и часовник.

Според медиумите во Грција, едно од сценаријата е дека немало предупредувачки повик и бомбата не била активирана бидејќи полицаецот ја забележал ќесата многу порано пред планираната експлозија.

Поврзани вести

Штајнмаер: Најголемото злосторство го спроведе мојата земја

Вирусот се шири: Најмалку 80 лица починати и 2744 заразени

Никола Поповски

Коронавирусот ја зеде и третата жртва во Италија

Никола Поповски

Договорено примирје меѓу Израел и Исламскиот џихад

Никола Поповски

Украина ја критикуваше посетата на Путин на Крим и отворањето на железничкиот мост

Албанија се подготвува за 30 илјади Сиријци