Вести СВЕТ

Просечната возраст на новозаразените во САД сега е за 15 години помала

Новозаразените со коронавирус во САД сега се помладите, кои во просек имаат 15 години помалку отколку пациентите во раната фаза на пандемијата.

Според главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, ова го потврдуваат податоците за пациентите од Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас, а повеќето од новите случаи се млади луѓе кои не ги почитувале мерките за социјална оддалеченост, пренесува Би-Би-Си.

„Просечната возраст на пациентите сега е 15 години помала отколку што беше пред неколку месеци, особено во Њујорк, Њу Орлеанс и Чикаго“, изјавил Фаучи.

Гувернерот на Флорида, Род де Сантис, изјавил вчера дека просечната возраст на пациентите на кои им е потребна хоспитализација е 33, додека во март, пациентите на возраст меѓу 50 и 60 години биле претежно заболени.

Поврзани вести

Маж од САД е обвинет за терористичка закана откако кашлал врз купувачи

Жена казнета со 400 евра поради непочитување на карантинот: Нејзиниот бизарен „изговор“ ќе ве насмее

Карабинери се замислувале дека се мафија, уапсени заради дрога и насилство (ВИДЕО)

Северна Кореја: Денуклеаризацијата веќе не се наоѓа на дневен ред на разговорите со САД

Во Црна Гора почина 65-годишен маж од последици на новиот коронавирус

Американската војска го почна повлекувањето од Авганистан