СВЕТ

Проширен полицискиот час во Франција, 46 милиони луѓе под клуч

Поради брзото ширење на коронавирусот, француската влада ќе го прошири полицискиот час на уште 38 области, со кои ќе бидат опфатени 46 милиони луѓе, најави премиерот Жан Кастекс.

Новата одлука ќе стапи на сила во петок на полноќ и ќе трае шест недели, а ќе важи и за некои прекуморски француски територии, пренесува „Ројтерс“ и потсетува дека Франција има 67 милиони жители.

Минатата недела беше воведен полициски час од 21 до 6 часот наутро во Париз и осум други големи градови.

„Вториот бран на епидемијата на коронавирус сега е во тек во Франција и Европа. Ситуацијата е многу сериозна“, рече Кастекс на прес-конференцијата, додавајќи дека ноември ќе биде многу тежок.

„Следните недели ќе бидат тешки и бројот на смртни случаи ќе продолжи да расте – изјави премиерот, пренесува „Ројтерс“.

Ситуацијата ќе се процени следната недела и можно е да се засили полицискиот час.

Во Франција, во просек, се регистрираат повеќе од 20.000 нови случаи на коронавирус дневно. Вкупниот број на заразени надмина 957.000.

Поврзани вести

Босански рибар уловил сом од скоро 100 килограми

Мото собир во Јужна Дакота може да ја понесе неславната титула за најголема корона забава во светот

Александар Петровски

Пелоси апелира на државите да го игнорираат Хуавеј

Ердоган: Некои сè уште не разбираат дека Цариград е во рацете на муслиманите

Д-р Кон: Ако дојде до колапс на здравствениот систем ќе воведеме карантин

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени