Вести СВЕТ

Протести низ Европа поради смртта на Џорџ Флојд, уапсени демонстранти (видео)

Протести за поддршка на демонстрациите во САД што избувнаа по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд се одржаа во Лондон и неколку други градови во Велика Британија.

Единаесет демонстранти биле уапсени во британската престолнина.

Полицијата во Лондон објавила дека апсењето е поради напад врз полицајци или носење оружје, и дека сите уапсени биле на возраст меѓу 17 и 25 години, објавил синоќа британски „Сан“.

Учесниците прво се собраа на плоштадот Трафалгар, а потоа дошле во американската амбасада во Лондон преку Вестминстер, носејќи пластични транспаренти на кои пишуваше „нема место за расизам“, „без правда нема мир“.

Како што се наведува, протестите биле претежно мирни, многумина носеле маски на лице и ги кренале тупаниците во знак на протест.

Освен Лондон, протести имало и во британските градови Манчестер и Кардиф, како и во Франција, Германија и Данска.

Поврзани вести

Две калуѓерки се вратиле од мисија бремени

Елена Даскалова

Властите во Њујорк откриле тела на 100 починати од коронавирус во два камиони без ладење

Путин: Додека јас сум на власт нема легализирање на истополови бракови

Ковид-19 е активен и во солзите на заразените

Џонсон вети дека ќе создаде „инфраструктурна револуција“

Влатко Зорба

Во Грција починале 38 лица од сезонски грип