Регион СВЕТ

Протести во Подгорица: Судир со полицијата, се скандира „Мило, крадецу“ (видео)

Поради немирите во Будва, луѓе се собрале во Подгорица пред Центарот за безбедност, а неколку лица се уапсени, пишува црногорски „Вијести“.

Полицијата употребила солзавец откако кон нив биле фрлени неколку тврди предмети.

Полицијата претходно им наредила на собраните да се разотидат, или во спротивно ќе употребат средства за нивно растурање.

После тоа, тие се упатиле кон граѓаните, кои се повлекле кон Механичкото училиште во Подгорица.

Специјална полициска единица билаприсутна пред полициската станица.

Според „Вијести“, уапсена е Марина Фронтиќ, членка на Демократскиот фронт.

Граѓаните извикувале „Црна Гора се крена, светилиштата мора да се бранат, Мило, крадецу“.

Поврзани вести

Српската влада потврди: Сите полнолетни граѓани ќе добијат по 100 евра!

Stefanija Kuzmanovska

Дростен: За два месеци ќе се појави нов проблем со коронавирусот во Германија

Ќе се активира барањето за екстрадиција на Пуџдемон

Влатко Зорба

Трамп наскоро ќе именува нов министер за енергетика

Maja_Serafimova

Трамп го скицираше епилогот на дијалогот меѓу Косово и Србија, вели Тачи

Александар Тодески

Мадрид: Нови собири „за обединета Шпанија“

Никола Поповски