Вести СВЕТ

Прво се запишуваш на список, па после тоа седнуваш на кафе: Нови мерки во борбата против коронавирусот

Одењето на кафе или оброк во ресторан во Виена од понеделник нема да биде можно без да му ги дадете на сопственикот апсолутно сите информации за вас. Тоа е најновата мерка во борбата против коронавирусот.

Имено, секој што ќе сака да посети кафулиња, ресторани и барови од следната недела, ќе мора да се регистрира на влезот во посебни списоци, што ќе му овозможат на сопственикот на ресторанот да ги информира потенцијално ранливите граѓани, во случај да биде регистрирано дека некој од вработените или гостите е позитивен на коронавирусот.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, изјавил дека новата мерка ќе стапи на сила од понеделник, но дека се уште се работи на тоа како точно ќе се информираат загрозените.

Одлуката за стапување на сила на новата мерка е донесена откако во последните 24 часа во Австрија биле регистрирани 832 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Тоа е петта најголема вредност на новозаболени лица од избувнувањето на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари. Експертите наведуваат дека состојбата во Виена е особено алармантна бидејќи се евидентирани 431 нов случај на инфекција, што одговара на дури 51,8 проценти од сите нови инфекции.

Расте и бројот на хоспитализирани лица, кој од вчера е зголемен за уште 50 пациенти.

Во моментов во Австрија има 8.470 активни пациенти, од кои 463 се хоспитализирани, а 78 се на интензивна нега.

Регистрирани се и шест нови смртни случаи, со што бројот на смртни случаи се искачил на 783.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 40.914 лица биле тестирани на вирусот како позитивни, од кои 31.661 биле излекувани.

Поврзани вести

Пукна носачот на рингишпил во Сомбор, повредени осум деца

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Никола Поповски

Во операција на Европол спроведена во повеќе земји уапсени се 25 Албанци осомничени за трговија со дрога

Трамп ги прашува лекарите дали вакцината против грип може да помогне во лечењето од коронавирус (видео)

Водечкиот хрватски имунолог: Руската вакцина може да биде ефективна

Влатко Зорба

СЗО: Носењето маски за лице може да направи повеќе штета отколку добро

Stefanija Kuzmanovska