Регион СВЕТ

Првото лице од Косово кај кое беше откриено присуството на Ковид-19 е излекувано

Првото лице од Косово кај кое беше откриено присуството на Ковид-19, 77-годишен маж од Витина, и во второто испитување во Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, резултира со негативен наод на вирусот, што според препораките на Светската здравствена оранизација значи дека е излекуван од заразата.

Веста за телевизијата Клан Косова ја потврди градоначалникот на Витина, Сокол Халити, информирајќи дека, покрај 77-годишникот, кај кој заразата беше откриена на 13 март, негативна на новиот вирус и по второто тестирање резултирала и неговата сопруга.

– Не израдува оваа вест, кога се има предвид дека и здравјето на другите пациенти, членови на истото семејство, е добро. Бројката не е зголемена во Витина (вкупно седуммина заразени досега), изолиран е Ковид-19 по големите заложби кои ги направивме сите заедно за да не дозволиме натамошни контакти, изјави Халити.

Претходно, на 26 март, во Косово беше забележан првиот случај на лице излечено од коронавирусот, а досега има и еден починат – 82-годишен маж кој страдал и од други хронични респираторни болести.

Заклучно со денешниот ден, во земјата се регистрирани вкупно 108 заразени од новиот вирус.

Поврзани вести

Грците ги преплавија плажите на првиот викенд без ограничувања

ОАЕ имаат најуспешна терапија за корона: Ниту еден пациент не пријавил штетни дејства (ФОТО)

Нови седум жртви на коронавирусот во Србија

Влатко Зорба

Вучиќ повторно со барање до ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина

Влатко Зорба

Црна Гора се вброи меѓу 10 земји во Европа со најмногу самоубиства

user4

Австралиските власти побараа уште една масовна евакуација поради нови пожари