Регион СВЕТ

Пукна носачот на рингишпил во Сомбор, повредени осум деца

Во селото Колут кај Сомбор, во неделата околу 20.30 часот, осум деца беа повредени кога пукнал носачот на на рингишпил.

Како што се дознава, носачот пукнал додека се вртел рингишпилот, пренесува soinfo.org.

Три деца се тешко повредени, а пет се полесно повредени.

Тие биле пренесени во Сомбор со брза помош и никој од нив нема повреди опасни по живот. Главно се работи за можни фрактури, модринки, истегнувања. Сите повредени се упатени на понатамошно дијагностицирање. Очигледно е и дека доживеале голем шок.

За овој случај бил информиран надлежен јавен обвинител и треба, во согласност со законот и доказите, да спроведе истрага.

На лице место реагирале и екипи на Брза помош и полиција.

Поврзани вести

Д-р Несторовиќ: Дури и да починале 600 луѓе во Србија, Македонија има 200 починати на два милиони жители

Александар Петровски

Како да се справите со коронавирусот: Кинески витез чува село од смртоносната болест (видео)

Никола Поповски

Почна судењето во Хрватска на жена осомничена за најголемиот пожар во годината

Maja_Serafimova

Макрон брани министер обвинет за силување

Stefanija Kuzmanovska

Москва е изненадена од изјавата на Чавушоглу

Путин: Главната задача во борбата против вирусот – да се локализираат изворите на неговото ширење

Stefanija Kuzmanovska