Регион СВЕТ

Пулмологот д-р Радосављевиќ: Еден заболен од корона може да зарази уште 100, ова може да ве заштити од вирусот

Само еден заразен со коронавирус без маска може да зарази 100 други кои исто така не носат, а од тоа се оддалечени помалку од еден и пол метри, вели пулмологот д-р Татјана Радосављевиќ.

Како што предупредува д-р Радосављевиќ, маската мора да ја носат болните луѓе во болниците, сместени меѓу другите заразени лица, но и здравите луѓе меѓу здравите луѓе.

– Ако носат маски и заразеното лице и другите 100 лица, дури 95 од нив се заштитени. Бидејќи нема лек за овој вирус, маските се апсолутно единственото безбедно средство за заштита, поради што сите мора што побрзо да ја сфатиме нивната важност. Дури и оние кои се во болница заради оваа инфекција треба да носат маска, затоа што на тој начин ги штитат лекарите, но и другите пациенти кои имаат пневмонија, но не им е потврден коронавирус – истакнува д-р Радосављевиќ.
Таа наведува дека клиничките слики на заразените сега се исти како што биле на првиот пик на епидемијата.

– Сè уште имаме тешки пациенти, а сите релевантни истражувања покажуваат дека вирусот не е променет генетски. Ниту е поопасен, ниту послаб. Не можеме да кажеме со сигурност и дека вакцината целосно ќе го елиминира, но секако ќе трае најмалку една и пол година до првата вакцина – вели д-р Радосављевиќ.

Поврзани вести

Ердоган: Операцијата „Идлиб“ може да се случи во секој момент, прашање на време е

Никола Поповски

Познат италијански сликар пред 500 години умрел од корона

Севернокорејска агенција: Ким Јонг Ун е жив, се појави на отворање на фабрика

Новозеландскиот министер за здравство ја прекршил забраната за движење, возел велосипед

ЕК усвои нови мерки за еко-дизајн на производи

user4

Во Сингапур евакуирана банка поради коронавирусот

Никола Поповски