СВЕТ

Пуштање во промет вакцина против ебола

Надлежниот Европски регулаторен одбор за лекови денеска препорача вакцината против ебола на компанијата „Мерк & Ко“ да добие дозвола за пуштање во промет, со што светот ќе ја добие првата официјално одобрена вакцина против оваа ретка и смртоносна болест.

Во соопштението на Европската агенција за лекови (ЕМА) се наведува дека нејзиниот одбор препорачал во Европската унија условно да се одобри пуштање во промет на вакцијата Ервебо за лица од 18 години, кои се изложени на ризик од контакт со вирусот ебола.

Конечното одобрување зависи од Европската комисија, која главно ги следи препораките на Одборот за лекови за човечка употреба (ЦХМП).

Светската здравствена организација (СЗО) ја поздрави оваа одлука и најави дека ќе почне со преквалификација на вакцината (гаранција дека лекот е безбеден и ефикасен).

– Условното одобрување на првата светска вакцина против ебола е триумф за јавното здравство и сведоштво за соработка без преседан на експерти од целиот свет, наведе во соопштение генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

Оваа хеморагична треска првпат е откриена во Конго во 1976 година, се пренесува преку  директен контакт со телесни течности и обично е смртоносна за речиси половина од заразените.

Во моментов нема одобрени лекови за ебола, а податоците добиени со тестирање и на база на доброволно користење покажуваат дека Ервебо е ефикасен во заштитата од вирусот по примање на една доза, соопшти ЕМА.

Вакцината е тестирана на околу 16.000 луѓе и моментално е на разгледување за добивање дозвола во САД.

Во сегашната епидемија на ебола во Демократска Република Конго се заразени повеќе од 3.000 луѓе.

Поврзани вести

Соработничка на мисијата на Филипини во централата на ОН во Њујорк заболена од коронавирус

Германски обвинител испратил писмо до родителите на исчезнатата Медлин Меккен: Постои ли шанса девојчето да е сè уште живо?

Анкети: Бајден има предност од 10 проценти во однос на Трамп

Вучиќ: Србија ги затвора сите гранични премини

Шокантен разговор на полициски службеници во Њујорк протече за време на немирите: „Прегазете ги, пукајте во тие кучкини синови“

Милановиќ: Одиме во втор круг а не во војна, војните се завршени