Вести СВЕТ

Путин: Боливија е на работ на хаос

Рускиот претседател Владимир Путин во коментар за ситуацијата во Боливија изјави дека оваа латиноамериканска земја се наоѓа на работ на хаос.

-Боливија е на работ на хаос. Постојат елементи на мешање однадвор, но тие секогаш се појавуваат таму каде постојат внатрешни компликации. Настана ситуација кога воопшто нема власт, или сите моментални власти се повлекле. Безвластие. Генерално зборувајќи ова потсетува на Либија, оцени рускиот претседател по завршувањето на самитот на БРИКС во Бразил.

Путин, исто така, потсети на обидот за државен удар во Венецуела, истакнувајќи дека ситуацијата во Латинска Америка се менува многу брзо. Тој нагласи дека се надева дека здравиот разум, одговорноста и разбирањето на интересите на своите граѓани ќе ги надвладеат партиските амбиции на политичките сили, потсетуваат рускикте медиуми.

Поврзани вести

Асад: Убиствата се начинот на кој САД работат со децении, ништо нема да ги спречи

Никола Поповски

Нов Зеланд го победи коронавирусот: За прв пат нема новозаболени

Кери Лам ја отфрли можноста за правење нови отстапки за демонстрантите

Познатиот ТВ новинар Јамагучи ќе плати отштета од 30.000 долари заради силување на новинарката Ито

Право на глас ќе имаат речиси четири милиони избирачи во Хрватска

Барние: Се уште постои ризик од хаотично заминување на Велика Британија

user4