ЕУ СВЕТ

Путин ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска, соопшти Кремљ.

Одлуката е донесена само еден ден откако беше потврдено дека лекарот, кој минатата недела се сретна со Путин, е позитивен на новиот коронавирус.

Путин минатата недела посети болница во Москва, каде се згрижени пациентите со Ковид-19 и се ракуваше со директорот на болницата Денис Прошенко, кој сега е во самоизолација во својата канцеларија.

Кремљ додаде дека здраствената состојба на Путин е добра, оти тој држи дистанца од другите луѓе и ќе работи од далечина.

Во Русија досега се регистирани 2.777 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 24 починаа, а 190 оздравеле.

Поврзани вести

Лукашенко продолжува да се спротивставува на сериозните ограничувања: Вториот бран е можен само од луѓето кои не виделе „бел ден“

Атина: Запалени автомобили во неколку населби

Никола Поповски

Пленковиќ: Распуштање на Парламентот на 18 мај

Голем пад на цената на нафтата

Шефот на полицијата во Минеаполис се обрати до семејството Флојд: Жал ми е, Џорџ почина на наши раце (видео)

Седум припадници на турските безбедносни сили загинаа откако се урнал авион со кој патувале