Вести СВЕТ

Путин: Не сакаме да војуваме со никого

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не планира да оди во војна со никого, но дека сака да ги одврати другите земји од конфликт со Москва.

„Ние нема да се бориме со никого. Ние сакаме да создадеме услови според кои никој не сака да се бори против нас“, изјави тој за ТАС С во интервјуто наречено „20 прашања за Владимир Путин“.

Путин исто така рече дека САД трошат многу повеќе пари за одбрана od Русија.

Тој, исто така, истакна детали за еден од неговите разговори со американскиот колега Доналд Трамп за воениот буџет.

„Доналд ми рече дека усвоиле огромен воен буџет за следната година, 738 милијарди долари, мислам“, рече Путин.

Трамп, како што истакна, го кажал тоа со жалење.

„Трошоците беа превисоки. Но, тој мораше да го стори, и покрај тоа што беше за разоружување“, објасни Путин.

Поврзани вести

Предградие на Париз гори веќе 4 ноќи, а се почна по смртта на едно момче (ВИДЕО)

Хидрохлорокинот нема докажан ефект во лекувањето на болни од коронавирус

Иако нема инфицирани со коронавирус, Црна Гора ги затвори границите и образовните институции

Службеник на германските ултрадесничари заговарал мигрантите да се убијат со гас

Александар Петровски

Марфи: Националната гарда на Њу Џерси излегува на улиците

Радев: Европа сака парите да одат кај граѓаните, а не во фиоката на Борисов

Никола Поповски