СВЕТ

Путин: Потребата за работа од дома ќе остане и по пандемијата

Искуството за работа од дома ќе биде потребно и по завршувањето на пандемијата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Денес многу, многу работи се прават на дистанца“, рече Путин и додаде дека кога ќе се започне со нормална деловна активност, ова искуство несомнено ќе биде доста корисно и неопходно, објави ТАСС.

„Тоа нужно мора да се користи затоа што сите многу добро знаеме дека таков формат на работа е прикладен и корисен“ рече рускиот претседател на видео конференцијата за рускиот пазар на трудот.

Според него, ова првенствено се однесува на младите мајки, инвалиди и жители на мали градови каде што изборот на работни места не е толку голем како кај големите градови.

Поврзани вести

Швајцарија: Дали рестриктивните мерки ќе останат на сила уште две години?

ЕУ: Потребна е подобра координација за справување со коронавирусот

Помпео: Неколкумина вработени во Стејт департментот се заразени со Ковид-19

Ердоган: Турција ги презеде сите мерки против новиот коронавирус

Кинески експерт: За 10 дена коронавирусот ќе го достигне врвот, епидемијата нема да трае подолго од шест месеци

Никола Поповски

Семејството и пријателите „го слават животот на Флојд“: Во тек е погребот во Хјустон (видео)