ЕУ СВЕТ

Путин предложи забрана иста личност да биде претседател повеќе од два мандата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го поднесе во Парламентот пакетот уставни измени, за помалку од една недела откако објави ненадеен план за реформа на политичкиот систем.

Предлог законот за измените, кој е достапен на интернет страницата на Државната Дума, предлага измени, вклучувајќи и префрлање на дел од власта надвор од претседателството.

– Рускиот претседател Владимир Путин до Државната дума достави предлог-закон за изменување и дополнување на Уставот на Руската Федерација. Претставници на кабинетот на рускиот претседател ќе бидат копретседатели на Уставната комисија при разгледувањето на предлог-законот во Државната дума, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Во писмото до Федералното собрание на 15 јануари рускиот претседател предложи голем број уставни амандмани, вклучително и Државната дума да има право да ја одобрува кандидатурата за премиер, вицепремиери и федерални министри. Путин исто така предложи именување на шефови на безбедносните агенции по консултација со Советот на Федерацијата. Покрај тоа, тој ја објави неопходноста за консолидирање на приоритетот на основниот закон над меѓународните договори во рускиот правен простор, како и пропишување голем број социјални гаранции во уставот.

Меѓу предлозите на претседателот е и да се забрани иста личност да биде претседател повеќе од два мандата. За да стане претседател, кандидатот мора да биде руски државјанин кој има 35 години и престојувал во земјата најмалку 25 години без странско државјанство.

Комисијата на Државната дума ќе го разгледа предлог-законот на седница закажана за утре.

Поврзани вести

Откако Италија ќе се отвори за туристите тие нема да одат во карантин

Помпео: Вашингтон е посветен на „деескалацијата“ откако во американски напад во Багдад беше убиен Сулејмани

Maja_Serafimova

Создаден тест кој го открива коронавирусот за 20 минути

Лудовик Орбан: Набрзо ќе биде истакнат романскиот предлог за еврокомесар

Влатко Зорба

Половина од Грците сметаат дека е веројатно да се заразат со Ковид-19

Бил Гејтс предупреди дека вакцината против коронавирусот може да не биде многу ефикасна