Регион СВЕТ

Рама: Ова е драматичен момент, треба да ја зачуваме смиреноста и заедно да се справиме со состојбата

Албанскиот премиер Еди Рама во првата реакција по силниот земјотрес што ја погоди земјата оценува дека ова е драматичен момент, но оти заедно ќе се справат со него.

„Ова е драматичен момент, треба да ја зачуваме смиреноста, да бидеме еден до друг и заедно да се справиме со состојбата. Ние ќе сториме се и со нашите големи пријатели ќе ја надминеме оваа ситуација. Храброст!Трпение! Солидарност,“ напиша Рама на Фејсбук.

Има и жртви, па затоа Рама додава дека целата држава е на нозе.

„Од силниот земјотрес има сериозни последици и, за жал, загубивме животи. Сите државни структури се во функција уште од првите моменти по потресот. Интензивно се работи на неколку фатални места во Драч и Туман за да се спаси секој можен живот, наведува Рама,кој од рано утринава е во Драч.

Според албанскиот Институт за сеизмологија, во период од четири часа регистрирани се повеќе од 100 потреси.

Поврзани вести

Во Кина две лица заразени со пневмонична чума

Влатко Зорба

Коронавирус во Италија: 79 лица се починати, се формираат нови црвени зони како карантин

Советот за безбедност на ОН загрижен поради бегалците во Сирија

Maja_Serafimova

Меркел и Путин ќе разговараат за протерувањето на двајца руски дипломата

Политички турбуленции во Германија: Премиерот на Тирингија поднесе оставка 24 часа по изборите

Никола Поповски

Ал Џезеира: Планот за Блискиот исток на Трамп го крши меѓународното право, но исто така ненамерно открива колку Израел е исплашен

Никола Поповски