Регион

40 нови случаи на коронавирус во Црна Гора

Во Црна Гора потврдени се 40 нови случаи на заразени со коронавирус, така што бројот на активни случаи е 289, соопшти Институтот за јавно здравје.

Од 21 контакт претходно потврдени случаи, два случаи биле увезени, додека кај 17 пациенти се бара изворот на инфекција.

Повеќето заразени се во Подгорица, 79 лица, а Рожаје 78 заболени.

Владата на Црна Гора ги потсети граѓаните на задолжителните мерки за носење маски, држење дистанца во трговските центри, маркети, продавници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Крајот на епидемијата беше прогласен во Црна Гора на 2 јуни, по 28 дена без регистрирани случаи на инфекција.

Првиот нов случај е регистриран на 14 јуни.

Поврзани вести

Унгарија: Еден смртен случај во Унгарија, Армијата ќе раководи со најголемите компании во земјата

Грчки свештеник изложен на жестоки критики затоа што давал причесна со повеќе лажици

Нови мерки во Србија: Маски задолжително и на отворено, препорака и децата да ги носат

Амбасада на САД во Приштина: Не поддржуваме никого на парламентрните избори

user4

Српската полицијата ги исфрли граѓаните од Собранието, фрлен и солзавец (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Анкетите покажуваат дека Колинда Грабар-Китаровиќ и натаму е најпопуларна во Хрватска

Maja_Serafimova