Регион

Абазовиќ: Само експертска влада, без коцкање

Откако мандатарот Здравко Кривокапиќ рече дека е задоволен од напредокот во формирањето на владата и дека политичарите можат да учествуваат во неа, доколку бидат квалификувани, водачот на ГИ УРА, Дритан Абазовиќ, рече дека оваа политичка опција нема да дозволи „коцкање“ за националните интереси на Црна Гора.

Абазовиќ на својот профил на Твитер напиша дека концептот на експертска влада е најдобро решение.

„Концептот за експертска влада е најдобро решение и остануваме целосно посветени на таа идеја“, јасен е Абазовиќ.

Тој изјави дека нема дискусија за безбедносниот сектор и дека, според него, е вклучено и Министерството за внатрешни работи, што Кривокапиќ му го понудил на Демократскиот фронт.

„Ние се држиме до договорот и ги почитуваме принципите. Нема да дозволиме никакво коцкање со националните интереси на Црна Гора“, изјави Абзовиќ.

Поврзани вести

Харадинај можен кандидат за претседател на Косово

Влатко Зорба

Втор случај на коронавирус во Хрватска

40 нови случаи на коронавирус во Црна Гора

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ нема да се кандидира за лидерската функција во СНС

Александар Тодески

Вучиќ се закашла: Многумина би сакале да имам коронавирус (ВИДЕО)

Александар Петровски

Д-р Јанковиќ: Не смееме да се залажуваме дека нешто се менува на подобро

Влатко Зорба