Регион

Белград: Жандармеријата ги растера демонстрантите, се фрла солзавец! (ВИДЕО)

Полициските вооружени сили ги растеруваат демонстрантите по силниот напад врз полицајците кој се случи околу 23 часот.

Единица на жандармеријата тргна во брза акција да ги растера хулиганите пред српскиот парламент.

Тие ги потиснаа демонстрантите кон црквата Свети Марко.

Демонстрантите претходно фрлаа камења и го напаѓаа полицискиот кордон.

Фрлена е и димна бомба, а полицијата фрли еден канистер со солзавец.

Еден полицаец беше удрен во ногата, летаа факели. Демонстрантите буквално ја нишанеа полицијата со факели и камења.

Петмина млади мажи ја нападнаа полицијата со камења пред парламентот, па се повлекоа кон група демонстранти.

Демонстрантите искршија камени плочи на паркингот и ги фрлаа во полицијата.

Тогаш се појавија засилувања на полицијата и жандармеријата започна да ги растерува демонстрантите.

Група демонстранти продолжува да ја напаѓа полицијата.

Околу 23.30 часот, полицијата започна да ја растерува групата кон плоштадот Никола Пашиќ, скоро нема демонстранти пред Собранието.

Од друга страна, кај Главната пошта, жандармеријата држи кордон, каде има друга група демонстранти во близина на црквата Свети Марко.

Поврзани вести

Грција сепак ја отвори границата за српските граѓани

Секоја година исчезнуваат околу 1.500 деца во Србија

Крамп-Каренбауер: КФОР е исто толку важен денес, како што беше пред 20 години

Влатко Зорба

Грција: 110 новозаразени во последните 24 часа

Влатко Зорба

Мета денеска одржа едночасовна средба со Националниот совет за безбедност

Maja_Serafimova

Мирен протест на бегалци и мигранти на островот Самос

user4