Регион

Болтон: Белград и Приштина далеку од решение

Поранешниот советник за национална безбедност на на американскиот претседател, Џон Болтон изјави дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на меѓусебниот спор.

Во ексклузивно интервју за „Н1 Сараево“, Болтон рече дека евентуалниот договор меѓу Белград и Приштина за размена на територии не треба да има влијание врз ситуацијата во БиХ.

„Што се однесува до Србија и Косово, ако тие се договорат за замена на територии, во делот на преговорите со кои се решаваат сите нерешени прашања и кои би довеле до економски, дипломатски и слични односи, мислам дека веројатно ќе го поддржиме однадвор. Но, на другите земји во регионот, особено на Босна, мислам дека мораме јасно да ѝ кажеме дека билатералните решенија меѓу Србија и Косово немаат никакво влијание врз Босна, Албанија, Романија, Бугарија или некој друг“, рече Болтон.

„Загрижен сум за недостатокот на ангажман на САД во балканскиот регион“, рече поранешниот советник за национална безбедност на САД во интервју за „Н1“.

Болтон, кој е една од најконтроверзните фигури во американската надворешна политика, за „Н1“ зборувал за Доналд Трамп, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган, односите на Балканот, НАТО и ЕУ, но и за Џо Бајден.

Поврзани вести

Албанија прогласи за непожелни двајца ирански дипломати

Србија издејствува да се отвори грчката граница за нивните граѓани

Влатко Зорба

Харадинај: Косово покажа политичка зрелост

Влатко Зорба

Фронтекс се согласила да и помогне на Грција да се справи со големиот број мигранти

Демонстрантите повторно упаднаа во српското Собрание, кршат прозорци

Влатко Зорба

Студентите во Грција против последните промени во законите за образование